Protokol se začasno uporablja od dne podpisa. Protokol začne veljati z dnem prejema zadnjega pisnega obvestila, dostavljenega po diplomatski poti, da so izpolnjeni vsi pogoji, določeni z notranjo zakonodajo podpisnikov, za začetek veljavnosti tega protokola. Protokol se sklene za pet študijskih let, in sicer 2011/12, 2012/13, 2013/14, 2014/15 in 2015/16. Protokol se lahko podaljša, vendar največ do konca šolskega in študijskega leta, v katerem bo Republika Makedonija postala polnopravna članica Evropske unije. Prenehanje tega protokola ne vpliva na programe in projekte, ki ob prenehanju še potekajo. Nadaljujejo se do njihovega dokončanja, razen če ni dogovorjeno drugače. Podpisnika morebitne spore in nesoglasja glede izvajanja in razlage tega protokola urejata sporazumno po diplomatski poti. V potrditev tega sta podpisana, ki sta bila za to pravilno pooblaščena, podpisala ta protokol. Sestavljeno v Ljubljani dne 15. februarja 2011 v dveh izvirnikih v slovenskem in makedonskem jeziku, pri čemer sta besedili enako verodostojni. ZA SLOVENSKO STRAN Gregor Golobič l.r. ZA MAKEDONSKO STRAN Nikola Todorov l.r. Министерството за високо образование, наука и технологија на Република Словенија, Министерството за образование и спорт на Република Словенија и Министерството за образование и наука на Република Македонија во продолжение на текстот ”потписници”, со желба да се развива и продлабочува соработката во областа на образованието меѓу Република Словенија и Република Македонија, уверени дека оваа соработка ќе придонесе за подобро разбирање и зајакнување на сестраните односи меѓу двете држави, поаѓајќи од Спогодбата за соработка во образованието, културата и науката меѓу Владата на Република Словенија и Владата на Република Македонија, потпишана на 8 јули 1993 година, се договорија: Потписниците во согласност со намените на овој Протокол развиваат соработка во областа на основното, средното, вишото и високото образование и поради тоа ги поддржуваат непосредната соработка и контактите помеѓу образовните установи и универзитетите, како и високообразовните установи. Учениците, државјани на државата на една од потписниците, кои живеат на територијата на државата на другиот потписник, имаат право да се подготвуваат за основно училиште и да го посетуваат под еднакви услови како државјаните на државата на чија територија живеат. Државјаните на едниот потписник, во државата на другиот потписник се запишуваат во средни и виши стручни школи под еднакви услови кои важат за државјаните на тој потписник. За студентитете, државјани на другиот потписник, во врска со плаќањето на школарината за виши, додипломски, дипломски и последипломски студии се применуваат еднакви критериуми кои важат за домашните ученици и студенти. За студиите на вишите стручни школи и на високообразовните установи како и уредувањето на другите прашања во вишото и високото образование се применува начелото на автономија на универзитетот и на вишите стручни школи. Потписниците го поддржуваат воведувањето на заеднички последипломски студии меѓу заинтересираните високобразовни установи во области кои се од вземен интерес и обезбедуваат целосна потребна помош за исполнување на потребните услови за почеток на заеднички студии, според своето внатрешно законодавство. Словенечката страна на македонската страна секоја година и обезбедува две
(2)стипендии за учесници на летната школа за словенечки јазик и култура. Македонската страна на словенечката страна секоја година и обезбедува две
(2)стипендии за учење на македонскиот јазик на летните школи во Македонија. Државата домаќин ги покрива сите трошоци за учеството на летните школи освен трошоците за меѓународен превоз. Потписниците годишно си разменуваат: – две
(2)едносеместрални стипендии за студенти по словенечки јазик од Република Македонија и две
(2)едносеместрални стипендии за студенти по македонски јазик од Република Словенија, – осумнаесет
(18)месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи со поединечно траење од 3 до 6 месеци за кандидати до 30 годишна возраст. На стипендистите им се обезбедува престој, субвенции и месечен паричен износ, според внатрешното законодавство на секој потписник. За структурата и висината на стипендиите, како и за другите услови потписниците се известуваат годишно. Потписниците, секоја година најдоцна до крајот на јуниј, го известуваат другиот потписник за бројот на студентите, државјани на државата на другиот потписник, кои се запишале во претходната студиска година. Потписниците ја зајакнуваат соработката во областа на образованието, особено во размена на искуства во реформата на воспитно-образовниот систем како дел од процесот за стабилизација и придружување кон Европската Унија со што непосредно или во рамките на мултилатералните програми соработуваат при различни проекти од вземен интерес. Потписниците особено ја поддржуваат меѓусебната соработка во областа на високото образование во рамките на мултилатералните програми на Европската Унија и регионалната програма CEEPUS. Потписниците ја поттикнуваат непосредната соработка и на другите заинтересирани организации и поединци во областа на вишото и високото образование. Потписниците ги поттикнуваат и овозможуваат студиите и наставата по словенечки и македонски јазик и литература во државите на двата потписника a oсобено работaтa на лекторатите по словенечки и македонски јазик. Потписниците го поддржуваат развојот и напредокот во изучувањето на мајчиниот јазик и култура на децата и младинците, припадници на словенечката заедница во Република Македонија и на македонската заедница во Република Словенија. Поради следење на спроведувањето на Протоколот, потписниците се договорија да формираат мешовита комисија, составена од еднаков број на претставници од двете страни. Состаноци на мешовитата комисија се одржуваат на барање на еден од потписниците и тоа наизменично во Република Словенија и во Република Македонија. Сите облици на соработка се одвиваат според внатрешното законодавство на потписниците. Потписниците било кога можат да предложат измени и дополнувања на овој Протокол. Предлозите за измени и дополнувања по дипломатски пат се доставуваат до другиот потписник. Измените и дополнувањата на овој Протокол влегуваат во сила според одредбите на членот 12, став 1. Протоколот привремено се применува од денот на потпишувањето. Протоколот влегува во сила со денот на приемот на последното писмено известување доставено по дипломатски пат, дека се исполнети сите услови определени со внатрешното законодавство на потписниците за влегување во сила на овој Протокол. Протоколот се склучува за пет студиски години, и тоа за 2011/12, 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2015/16. Протоколот може да се продолжи, но најмногу до крајот на учебната и студиската година во која Република Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија. Престанокот на овој Протокол не влијае врз програмите и проектите кои со престанокот се во тек. Тие продолжуваат до нивното завршување, освен ако не е договорено поинаку. Потписниците, евентуалните спорови и несогласувања во врска со спроведувањето и толкувањето на овој Протокол, ги решаваат спогодбено преку дипломатски пат. За потврдување на тоа, потписниците кои биле уредно овластени за тоа, го потпишаа овој Протокол. Составено во Љубљана на ден 15. 2. 2011 година во два оригинала на словенечки и на македонски јазик, при што текстовите се подеднакво веродостојни. ЗА СЛОВЕНЕЧКАТА СТРАНА Грегор Голобич c.p. ЗА МАКЕДОНСКАТА СТРАНА Никола Тодоров c.p.