15. člen BMKZSD
Член 1
Za doseganje ciljev tega sporazuma lahko Republika Makedonija v svojem diplomatsko-konzularnem predstavništvu v Republiki Sloveniji določi delovnega svetovalca (svetovalca za povpraševanje po delovni sili), čigar dolžnosti bi se nanašale na nadzor in izvajanje postopkov, ki so potrebni za zaposlovanje delavcev iz Republike Slovenije v Republiki Makedoniji, kakor je dogovorjeno na podlagi tega sporazuma in te priloge. Владата на Република Словенија и Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: договорни страни), со желба за зацврстување на постојните врски помеѓу Република Словенија и Република Македонија и заедничко регулирање на сезонското вработување на нивните државјани, се договорија: Овој договор ги определува организациите за спроведување на договорот, начинот на размена на информации, видот на сезонските работи, бројот на сезонските работници, условите и постапката за вработување, времето за вработување на сезонски работници на едната договорна страна кај работодавачи на другата договорна страна и министерствата надлежни за следење на спроведувањето на договорот. Организации за спроведување на договорот (во натамошниот текст: надлежни органи на договорните страни за вработување) се: – во Република Словенија: Завод на Република Словенија за вработување, – во Република Македонија: Агенција за вработување на Република Македонија. Сезонските работи на државјаните на двете држави може да се изведуваат само врз основа на одредбите од овој договор и врз основа на договор за вработување, којшто може да се склучи за период од најмалку три и најмногу девет месеци во календарската година.
(1)Сезонските работи во градежништвото може да се изведуваат најмногу до девет месеци во календарската година.
(2)За тие работи, одделен работодавач може да склучи договор за вработување со онолку сезонски работници од другата договорна страна, колку што има редовно вработени работници.
(3)Договор за вработување за сезонски работи во градежништвото, ист сезонски работник во следната календарска година, може да склучи по најмалку три-месечен прекин на вработувањето кај другата договорна страна.
(4)Сезонските работи во земјоделството и шумарството можат да се изведуваат најмногу до шест месеци во календарската година. Одделен сезонски работник може да склучи договор за вработување најмногу три пати во календарската година.
(5)Другите сезонски работи може да се изведуваат најмногу до три месеци во календарската година.
(1)Надлежните органи на договорните страни за вработување, пред крајот на тековната година, зависно од состојбата на пазарот на трудот и потребите на работодавачите за изведување на сезонска работа, си разменуваат податоци за побарувањата за сезонски работници.
(2)Со прилозите 1 и 2, коишто се составен дел од овој договор, се определува начинот на размена на информации, бројот на сезонските работници во календарската година, постапката и потребните документи за вработување во согласност со законодавството на договорната страна. Договорните страни гарантираат дека на работодавачите, односно сезонските работници, кои во согласност со овој договор и законодавството на државата во која ќе се извршува работата, ги исполнуваат условите за сезонско вработување, ќе им се издаде дозвола за сезонско вработување и дозвола за престој за времето на сезонското вработување.
(1)По истекот на важноста на дозволата за престој и дозволата за работа или по престанување на работниот однос на било каков друг начин, сезонскиот работник мора да ја напушти државата на вработувањето.
(2)Во случај на предвремено престанување на работниот однос, работодавачот мора на надлежниот орган за вработување веднаш да му ја врати дозволата за работа. Надлежните органи на договорните страни, за предвремените престанувања на работниот однос меѓусебно се известуваат.
(3)Државата на договорната страна, од каде што доаѓа вработениот, мора да ги обезбеди потребните мерки на постапката за негово враќање.
(1)Секоја договорна страна го задржува правото, на лицето вработено според овој договор, да му определи да ја напушти нејзината територија ако присуството на тоа лице ја загрозува националната безбедност и јавниот мир или јавното здравје на таа држава.
(2)Во таквите случаи се известуваат амбасадорот и конзуларните органи. Лицата, вработени според овој договор во државата на другата договорна страна, можат својата законска плата во форма на конвертибилна валута, да ја пренесат во својата држава во согласност со законодавството што важи во државата на вработувањето. Правата на сезонските работници на договорните страни, коишто произлегуваат од спроведувањето на овој договор се наменети само за нив и не се прошируваат на членовите на нивните семејства. Прашањата во врска со социјалното осигурување се решаваат во согласност со Договорот за социјално осигурување помеѓу Република Словенија и Република Македонија, склучен на 13. 7. 1998 година.
(1)Министерствата на договорните страни надлежни за труд, го следат спроведувањето на овој договор.
(2)Претставници од двете договорни страни, на барање коешто заинтересираната страна ќе го испрати до надлежното министерство, можат да се состануваат заради контрола, односно следење на спроведувањето на овој договор.
(1)Договорот се склучува за период од две години. Секојпат, автоматски се продолжува за следната година, ако ниедна од договорните страни најдоцна три месеци пред истекот на календарската година, по дипломатски пат не соопшти дека го откажува договорот.
(2)Договорите за вработување, склучени пред откажувањето на овој договор, независно од откажувањето, важечки се до нивното истекување. Овој договор почнува да важи на денот кога договорните страни меѓусебно, по дипломатски пат, ќе се известат дека се завршени постапките коишто ги предвидуваат законодавствата на договорните страни. Составен во Скопје на 27 фебруари 2007 година, во два примерока, на словенечки и македонски јазик, при што двата текста се еднакво веродостојни. ЗА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА Андреј Визјак c.p. ЗА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Љупчо Мешков c.p. Овој прилог ги утврдува, начинот на размена на информации помеѓу Заводот на Република Словенија за вработување (во натамошниот текст: Завод) и Агенцијата за вработување на Република Македонија (во натамошниот текст: Агенција) како спроведувачи на договорот, бројот на сезонските работници кои во календарската година можат сезонски да се вработат во Република Словенија, како и постапката и потребните документи за спроведување на вработувањето согласно словенечкото законодавство.
(1)Во 2007 година кај работодавачите во Република Словенија можат да се вработат најмногу 600 сезонски работници (во натамошниот текст: квота) од Република Македонија, без оглед на времетраење на сезонското вработување.
(2)Вработувањето кое започнува во тековната календарска година и продолжува во наредната календарска година се вбројува во бројот на сезонските вработувања во тековната календарска година. Поднесоците за вработување на сезонските работници од Република Македонија ги решава Заводот во рамките на квотата и според датумите на пристигнатите барања.
(1)Работодавачот од Република Словенија кој сака да вработи сезонски работници од Република Македонија, барањето го поднесува во централната служба на Заводот.
(2)Барањето на работодавачот треба да ги содржи следните податоци и прилози: a) целосен назив на фирмата; b) колку вработени имал работодавачот во претходната календарска година; в) колку сезонски работници и со каков професионален состав сака да вработи, како и г) адресата односно адресите на живеалиштата каде што сезонските работници ќе престојуваат за време на вработувањето во Република Словенија.
(3)Покрај податоците од претходниот став, централната служба на Заводот, самата или врз основа на доказите на работодавачот утврдува дека за него не постои забрана за нови вработувања.
(4)На поединечен работодавач може да му се издадат најмногу толку дозволи за работа за сезонски работи во градежништвото колку што кај него имало вработени работници, во претходната календарска година за најмалку шест месеци. Во таа бројка не се вклучени странците вработени врз основа на дозвола за работа за сезонска работа.
(1)Централната служба на Заводот ја проверува искористеноста на квотата и исполнувањето на условите на работодавачот од претходниот член.
(2)Доколку квотата се уште е слободна и работодавачот ги исполнува условите, Заводот издава претходно одобрение за користење на квотата и го известува работодавачот колку работни дозволи може да побара. Во спротивно, го известува дека квотата е искористена односно дека не ги исполнува условите за користење на квотата.
(1)По добивањето на претходното одобрение за користење на квотата работодавачот во подрачната служба на Заводот на образецот ПД го пријавува слободното работно место, а во централната служба на Заводот ги предава понудите за склучување на договори. Понудата треба да ги содржи податоците за работното место и потребното образование или стручна оспособеност, бруто и нето месечна плата, работни услови, местото односно местата на извршување на работа, сместување на работникот и времето за кое договорот ќе биде склучен. Централната служба на Заводот ги подготвува единствените обрасци на понудата.
(2)Централната служба на Заводот понудите ги испраќа на Агенцијата која според својата оценка ги избира кандидатите според прописите на Република Македонија.
(3)Списокот на кандидатите кој Агенцијата за поединечниот работодавач го испраќа во централната служба на Заводот, ги содржи за секој избран кандидат името и презимето со податоци за неговото раѓање, адресата на живеалиште, бројот на патната исправа, кога таа е издадена и нејзината важност, брачниот статус, образованието или стручната оспособеност и работното искуство.
(4)Централната служба по приемот, списокот од претходниот став го испраќа на работодавачот.
(5)Работодавачот од списокот ги избира кандидатите и предава поднесоци за издавање на работни дозволи во централната служба на Заводот. Кон поднесоците ги приложува од негова страна потпишаните договори во пет примероци.
(6)Централната служба става жиг на договорите и ги испраќа во Агенцијата која ги повикува кандидатите да ги потпишат.
(7)Потпишаните договори, со копиите на пасошите на секој кандидат, Агенцијата ги испраќа во централната служба на Заводот. По приемот на потпишаните договори и на копиите на пасошите централната служба на Заводот издава работни дозволи. Оригиналот го испраќа во Агенцијата, а копијата на работодавачот. Агенцијата работната дозвола му ја предава на кандидатот и го упатува во дипломатско-конзуларното претставништво на Република Словенија во Република Македонија за да добие дозвола за престој. Доколку работодавачот сака да вработи познат кандидат, по добивање на одобрувањето за користење на квотата може веднаш да поднесе барање за издавање на работна дозвола со пропишаните докази и приложува од негова страна потпишан договор во пет примероци. Постапката продолжува согласно ставовите 6 и 7 од чл. 6, како и членовите 7 и 8 од овој прилог.
(1)Трошоците за таксите и давачките во врска со издавањето на работните дозволи ги сноси работодавачот.
(2)Трошоците за дозвола за престој, патни трошоци, како и трошоците за сместување и исхрана ги сноси работникот освен ако договорните страни не се договорат поинаку.
(1)Словенечката страна може во согласност со важечкото законодавство да ја измени постапката за издавање на работни дозволи и дозволи за престој.
(2)Најголемиот број на сезонски работници односно квотата на работни дозволи од став 1 од чл. 2, словенечката страна може да го утврди за секоја наредна календарска година и за тоа, до крајот на месец ноември од тековната година, по дипломатски пат да ја извести македонската страна. Доколку македонската страна до крајот на месец ноември во тековната година не го добие известувањето за висината на квотата за наредната календарска година, важи последната утврдена квота. Оваа постапка се однесува за вработување на државјани за сезонска работа од Република Словенија во рамките на законодавството кое се однесува на влез и вработување на странски државјани во Република Македонија.
(1)Работодавачот од Република Македонија, кој сака да вработи сезонска работна сила од Република Словенија, во согласност со условите од “Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за вработување на сезонски работници” и од овој Прилог мора да достави потпишано барање до подрачната служба на Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување, со наведено седиште на работодавачот, најмалку еден месец пред започнувањето на вработувањето на работниците, со цел да се провери дали постојат невработени лица, државјани на Република Македонија кои според своите квалификации сакаат да се пријават за овие работни места.
(2)Барањето на работодавачот кој сака да вработи сезонски работници од Република Словенија, ќе може да се достави и до другите Центри за вработување, за да се изврши проверката на домашната работна сила со цел исполнување на барањето на работодавачот од домашната работна сила.
(3)Во барањето, работодавачот мора до Центарот за вработување во Република Македонија да достави податоци за бројот, квалификационата структура (специјалноста), за кој вид и за колкав период на време на сезонски работи сака да ги ангажира работниците, опис, условите и местото на работа, цената на трудот изразена по единица час, како и изјава дека, доколку бараната работна сила ја нема на домашнот пазар на работна сила, е согласен истата да му биде обезбедена од Република Словенија. Доколку работодавачот од Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центарот за вработување, добие дека работната сила што ја барал не може да му биде обезбедена од домашниот пазар на работна сила, тој мора до надлежниот Центар за вработување, кон барањето да приложи изјава дека ќе ги преземе врз себе животните и здравствените трошоци на неговиот вработен од Република Словенија до моментот на издавање на дозволата за престој на работникот како и дека истите ќе ги покрие преку соодветен осигурителен фонд.
(1)Работодавачот, кој на своето барање добил одговор од Агенцијата за вработување на Република Македонија (во натамошниот текст: Агенцијата) и ги исполнил условите од член 2 на овој Прилог, мора тоа барање да го завери и потврди и да го достави до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во Република Словенија, преку Агенцијата.
(2)Дипломатско – конзуларното претставништво на Република Македонија, добиеното барање од Агенциjата го упатува до надлежните служби на Република Словенија, со цел спроведување постапка за избор на работници согласно барањето на работодавачот. Кандидатите за вработување, покрај условите од барањето на работодавачот мора да ги исполнуваат и следните услови: – да бидат постари од 21 година и помлади од 60 години; – да немаат криминално досие; – да имаат здравствена потврда издадена од надлежна јавна служба во која ќе биде наведено дека тие не боледуваат од некаква ендемска пренослива болест; – да имаат соодветна квалификација, верифицирана од надлежните служби; – да ја имаат регулирано својата воена обврска или да се ослободени од истата. Надлежните служби на Република Словенија, по извршениот избор на работници, државјани на Република Словенија, списокот на избраните работници со лични податоци за лицата (идентификациони податоци, брачна состојба, години на старост на избраните работници, квалификации, работно искуство) ги доставуваат повторно до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија, кое истите податоци ги доставува до Министерството за внатрешни работи – Сектор за странци и имиграција во Република Македонија, со цел проверка на лицата од списокот од безбедносен аспект.
(1)Министерството за внатрешни работи – Сектор за странци и имиграција, по извршените проверки списокот со избраните работници го доставува до Агенцијата, која го повикува работодавачот во Агенцијата да го пополни и потпише договорот за вработување за лицата од списокот.
(2)Агенцијата, на работодавачот му издава согласност за вработување на лицето од договорот за вработување, за да тој согласноста и договорот за вработување ги достави до дипломатско – конзуларното претставништво на Република Македонија во Република Словенија. По добивањето на документацијата од работодавачот од член 6 на овој Прилог, дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија ги известува надлежните служби на Република Словенија да ги упатат лицата кои ќе бидат вработени како сезонски работници до дипломатско–конзуларното претставништво на Република Македонија во Република Словенија со цел добивање влезно – излезна виза со назнака “За вработување”. Тие лица, мораат со себе да ги донесат и документите со кои потврдуваат дека ги имаат исполнето условите од член 4 од овој Прилог. Влезно-излезната виза “За вработување” трае 30 дена од денот на издавањето.
(1)Трошоците за доаѓање и враќање на работниците се на трошок или на работникот или на работодавачот, во согласност со договорот за вработување.
(2)Надлежните служби од Република Македонија може да одбијат да издадат дозвола за влез на работниците ако тие немаат потпишан договор за вработување во согласност со член 6 од овој Прилог, ако немаат валидни патни документи или ако тие не одговараат на условите од правните прописи за влез во земјата. Имињата на одбиените работници ќе бидат доставени до надлежните служби на Република Словенија. Во овој случај, договорот за вработување е неважечки.
(1)По влезот на работникот во Република Македонија тој е должен да се јави кај работодавачот кој е должен да го прифати и да му обезбеди сместување и услови за живеење (исхрана). Работодавачот до денот на започнување со работа за него во Агенцијата обезбедува одобрение за засновање работен однос со странски државјанин за конкретниот странски работник, за што мора да поднесе до оваа служба фотокопие од патната исправа на странецот со влезно-излезна виза “За вработување” и потпишан договор за вработување од работодавачот и работникот.
(2)Работникот е должен во рок од 10 дена од влезот во земјата, со помош на работодавачот, да се обрати до Министерството за внатрешни работи – Сектор за странци и имиграција заради добивање документ за привремен престој по основ на вработување, со времетраење утврдено во Одобрението за вработување издадено од Агенцијата.
(3)Врз основа на претходните постапки, работодавачот во Центарот за вработување со седиште на работодавачот врши заверка на документи за засновање на работниот однос согласно законските прописи на Република Македонија.
(1)Заради легитимирање пред надлежните органи, работникот, за време на престојот во Република Македонија е должен, за цело време со себе да ги носи дозволата за работа и дозволата за престојот, како и дозволата за влез и излез од државата додека истата е важечка.
(2)По истекот на важноста на договорот за вработување, работникот мора пред неговото излегување од Република Македонија да ги врати, неговото одобрение за засновање работен однос и дозволата за престој на надлежните органи кои истите ги издале.
(1)Во случај на примена на член 7 од овој Договор, дипломатско-конзуларните службеници од Република Словенија во Република Македонија се должни да го олеснат враќањето на работникот во неговата земја.
(2)За покривање на евентуалните трошоци за враќање на работникот во овие случаи, работникот е должен во рок од 30 дена од денот на вработувањето, кај работодавачот да депонира средства за покривање на трошоците за превоз во копнениот сообраќај.
(3)Работодавачот, депонираните средства му ги исплатува на работникот на денот на евентуалното протерување од државата, или на денот на престанувањето на важноста на договорот за вработување. Трансферот на плаќањето за работниците се врши согласно важечкото национално законодавство. Во периодот на нивното легално вработување во Република Македонија, државјаните од Република Словенија кои се сезонски вработени, ги имаат правата и обврските според работното законодавство на Република Македонија. Ако работникот ги прекрши одредбите од овој Договор и овој Прилог, ќе му се забрани секое понатамошно вработување во Република Македонија. За целите на овој Договор, Република Македонија може да назначи трудов консултант (советник по прашањата на работната сила) во дипломатско-конзуларното претставништво во Република Словенија, чиишто обврски ќе се однесуваат на надзорот и вршењето на постапките кои се потребни за вработување на работници од Република Словенија во Република Македонија, како што е договорено врз основа на овој Договор и овој Прилог.
Sodna praksa
V zbirki ni odločb z razrešenim sklicem na ta člen.